Антипатар
Од Википедија, слободна енциклопедија
Антипатар (ц. 397 п.н.е.–319 п.н.е.) бил македонски генерал и приврзаник на кралевите Филип II Македонски и Александар III Македонски. Во 320 п.н.е Антипатар станал регент на целата Александрова империја.
Содржина |
[уреди] Кариера во времето на Филип и Александар
Сè до 342 п.н.е не постои документација за Антипатровата кариера. Но таа година тој бил назначен од Филип за регент на Македон додека тој бил во тригодишните походи против тракијците и скитските племиња, кои ја прошириле македонската власт до Хелеспонт. Во меѓувреме во 342 п.н.е. тој изделувал да се заштити од атињаните: кога тие пробале да завземат контрола врз евбоејските градови и да ги истераат промакедонските владетели, тој пратил македонска војска за да го спречи овој обид. Есента истата година Антипатар го посетил Делфи, како претставник на Филип во Амфиктионската лига, религиозна организација во која Македонија била примена дури во 346 п.н.е..
По триумфалната македонска победа кај Херонеја во 338 п.н.е, Антипатар бил пратен како амбасадор во Атина (337–336 п.н.е.) со тоа што на крај испеал да договори мир меѓу двете држави и ги донел коските на паднатите атињани во својот град.
Најпрвин тој бил голем пријател на младиот Александар и неговата мајка, Олимпија; дури се зборувало дека тој бил неговиот вистински татко . По смртта на Филип тој му помогнал на Александар во неговата борба за престолот, во 336 п.н.е..
Антипатар му се придружил на Парменион во советот кој му го дал на Александар да се ожени и да добие син пред да оди во неговите азиски експедиции, совет кој Александар не го послушал; при заминувањето на Александар во 334 п.н.е., тој станал регент на Македонија и „Генерал (стратегос) на Европа“, на која функција служел до 323 п.н.е..
Персиската флота под водство на Мемнон и Фарнабаз претставувала голема опаснонст за Антипатар, со тоа што тие би го завојувале Егејот а потоа можеби и во Европа. За негова среќа, Мемнон умрел при една опсада и потоа целата флота се растурила во 333 п.н.е., по победата на Александар кај Ис.
Поопасните непријатели биле поблизу до дома; племињата од Тракија почнале да дигаат востанија во 332 п.н.е., под водство на Мемнон од Тракија, македонскиот губернатор на тој регион, а потоа проследил и бунтот на Агис III, кралот на Спарта.
Спартанците, кои не биле членови на Коринтската лига и кои не учествувале во експедицијата на Александар, виделе долгоочекувана шанса да ја наметнат својата власт врз Пелопонезот по ужасниот пораз кај Левктра и Мантинеја. Персијците велукодушно ги финансирале амбициите на Спарта и овозможиле формирање на војска од 20.000 борци. По практичното преземање на контрола врз Крит Агис се побидел да создаде андтимакедонски фронт. Додека атињаните останале неутрални, ахајците, аркадијците и Елисјаните се сојузиле со него, со исклучок на важниот град Мегалополис, со особено антиспартанската престолнина Аркадија. Агис ртгнал во 331 п.н.е. во опсада на градот со целата негова војска, предизвикувајки општа тревога во Македонија.
За да нема непријатели во моментот, Антипатар го помилувал мемнон, па дури и го оставил на својата поранешна фнкција во Тракија, додека нему му стигнувале огромни финансии пратени од Александар. Ова било возможно со помош на тесалиска помош и многу платеници кои заедно сочинувале сила двојно поголема од таа на Агис, која лично Антипатар ја довел јужно во 330 п.н.е. за да се судрат со Спартанците. Пролетта таа година двете војски се судриле кај Мегалополис, и самиот Агис загинал заедно со најдобрите негови војници, но не без загуби и на македонска страна.
Сосема поразени, спартанците отишле кај Антипатар да барат примирје; неговиот одговор ги поставил условите за мир преку Коринтската лига, но спартанските дипломати сакале да се видат диретно со Александар, кој ги казнил сојузниците на Спарта со 120 теленти и влез на Спарта во лигата.
[уреди] Борбата за наследство
[уреди] Регент на империјата
[уреди] Надворешни врски
- Енциклопедија Британика 11-то издание (1911)
- Антипатар од Livius.org (Јона Лендеринг)
- Вики класичен речник: Antipater
![]() |
Кралеви на Античка Македонија |
Каран | Коин | Тирима | Пердика I | Аргеј I | Филип I | Аероп I | Алкет I | Аминта I | Александар I | Пердика II | Архелај I | Кратер | Орест | Архелај II | Аминта II | Павсаниј | Аминта III | Аргеј II | Аминта III | Александар II | Птоломеј I | Пердика III | Аминта IV | Филип II Македонски | Александар III Македонски | Антипатар | Филип III Аридеј | Александар IV | Пердика | Антипатар | Полиперхон | Касандар | Касандар | Филип IV | Александар V | Антипатар II | Деметриј I Полиоркет | Лизимах | Пир Епирски | Птоломеј II Керан | Мелегер | Антипатар II Етезиј | Состен | Антигон II Гонат | Деметриј II Етолик | Антигон III Досон | Филип V | Персеј |