Разговор:Антички Македонци
Од Википедија, слободна енциклопедија
Статијата беше префрлена во статија со име Антички македонци,како што знам јас во сите научни и историски дела (и на македонски и на англиски јазик) и двата збора се пишуваат со голема буква. - Македонец 18:10, 23 декември 2006 (UTC)
Во статијата експлицитно е напишано дека "/Античките Македонци/ зборувале на свој античко-македонски јазик кој бил различен од старо-грчкиот и бил неразбирлив за останатите народи".. Но доколку што знам јас, уште не е утврделе дека зборувале јазик неразбирлив за грците. Сите артефакти се на старогрчки.
Не сакам да звучам глупаво, но напишаново не е потврдено.. НО ОК !!! Согласен сум да е напишано така ако сите сте согласни.
Поздрав
- Не, во право си. Ако видиш некој сличен момент што противречи на објективноста и неутралноста, слободно интервенирај. Поздрав. --FlavrSavr 08:55, 31 јануари 2007 (UTC)
-
- Античките Македонци не говореле на старогрчки, а сите артефакти се на старогрчки бидејќи тој јазик бил во официјална државна употреба во тоа време. - Македонец 19:45, 31 јануари 2007 (UTC)
- Доколку се во статијата стои како што вели Македонец, мислам дека би било најповолно. Барем тоа дава извесна доза на кредибилитет на она што го тврдиме. --Б. Јанкулоскиразговор 23:34, 31 јануари 2007 (UTC)
- Види, јас не тврдам (ниту мислам) дека античките Македонци зборувале старогрчки. И повеќето неутрални стручњаци не го тврдат тоа. Сепак, не мал дел од странските стручњаци тврдат дека античкиот македонски јазик бил или дијалект на старогрчкиот, или пак сроден јазик. Сите гледишта треба да бидат вклучени, според НГТ. --FlavrSavr 10:24, 1 февруари 2007 (UTC)
-
- Да не мешаме! Старо-грчкиот јазик бил во официјална употреба (администрација, училишта, финансии, монети, дипломатија) но народот по градовите и селата секако дека си зборувал на својот мајчин јазик. - Македонец 00:14, 2 февруари 2007 (UTC)
-