Валаска збирка
Од Википедија, слободна енциклопедија
Валаска збирка или Валасова збирка (англиски: Wallace Collection) е национален музеј на уметност во Лондон. Бил создаден врз основа на приватната збирка на Сер Ричард Валас. По неговата смрт, сопругата ја подарува збирката на државата (1897). Музејот се отвора за јавноста во 1900, во Хертфордската куќа на Манчестерскиот плоштад.
Влезот е бесплатен. Во збирката спаѓаат слики од стари мајстори (како Засмеаниот кавалер), фини порцелани како Севрски и Мајсенски, оклопи, француски мебел од XVIII век, како и најразни уметнички дела. Од пред неколку години внатрешниот двор е покриен со стаклен покрив.
Валаската збирка ја содржи најголемата збирка слики од Жан-Баптист Грез вон Франција.
[уреди] Надворешни врски
- Официјален веб-сајт на Валаската збирка (англиски)
Музеи и галерии во Лондон |
---|
Британски музеј • В&А Музеј на детството • Вајтчепелска галерија • Валаска збирка • Викториин и Албертов музеј • Далвичка ликовна галерија • Есторичка збирка • Империјален воен музеј • Институт за современа уметност • Краличина галерија • Кралска Академија на уметностите • Музеј во Доклендс • Музеј на дизајн • Музеј на Лондон • Музеј на лондонскиот транспорт • Научен музеј • Национален поморски музеј • Национална галерија • Национална портретна галерија • Природонаучен музеј • Прифатилишен музеј • Сачиева галерија • Серпентинска галерија • Сомерсетска куќа – Кортолдска галерија, Гилбертска збирка, Ермитажни простории • Соунов музеј • Театарски музеј • Тејт Британија • Тејт Модерн • Фројдов музеј • Хејвардска галерија • ХМС Белфаст • Хорнимански музеј • Черчилов музеј и Кабинетски генералштаб • Џефриев музеј |