Војна
Од Википедија, слободна енциклопедија
Војна е вооружен судир на две или повеќе држави и/или други општествени групи. Таа се одвива на еден или повеќе фронтови, а завојуваните страни обично држат одредена територија која можат да ја одржат или загубат.
Во последно време, за војната се користат алтернативни еуфемистички изрази како: конфликт, вооружен судир, непријателства и слично.
[уреди] Видови војни
Војните можат да се поделат:
- според опфатот: на граѓански, меѓудржавни, регионални и светски
- според карактерот на војната: ослободителни, одбранбени, граѓански, герилски, империјалистички, колонијални, верски
- според карактерот на воените средства: на тотални и ограничени
- според типот на оружјето: конвенционални и нуклеарни
- според мобилноста: маневарски и позициски.