Дефиниција на планета
Од Википедија, слободна енциклопедија
Финалната дефиниција на планета е изгласана на 24 август 2006 во Прага, Чешка од страна на Меѓународниот Астрономски Сојуз (МАС) [1]. Со оваа одлука нашиот Сончев систем има 8 планети. Плутон се смета за „планета-џуџе“.
[уреди] Дефиниција
Планетите и другите тела во нашиот Сончев систем се дефинираат во три засебни категории на следниов начин:
(1) „Планета“ [1] е небесно тело кое: (а) е во орбита околу Сонцето, (б) има доволна маса за неговата сопствена гравитација за да ги победи силите на круто тело, така што зазема хидростатичка рамнотежа (речиси округол) облик и (в) го има исчистено соседството околу својата орбита.
(2) „Планета-џуџе“ е небесно тело кое: (а) е во орбита околу Сонцето, (б) има доволна маса за неговата сопствена гравитација за да ги победи силите на круто тело, така што зазема хидростатичка рамнотежа (речиси округол) облик [2], (в) го има исчистено соседството околу својата орбита и (г) не е сателит.
(3) Сите други објекти [3] освен сателити кои орбитират околу Сонцето заеднички се нарекуваат „Мали тела на Сончевиот систем“.
[уреди] Фусноти
[1] Осумте планети се: Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, и Нептун. [2] МАС ќе воведе процедура за назначување на погранични објекти во рамките на категоријата „планета-џуџе“ или други категории. [3] Овие моментално се највеќето астероиди во Сончевиот систем, највеќето транснептунски објекти, комети и други мали тела.
[уреди] Плутон
Плутон е „планета-џуџе“ по горенаведената дефиниција и се признава како прототип за новата категорија на транснептунски објекти.
|
|||
---|---|---|---|
![]() |
|||
Планети: Меркур - Венера - Земја - Марс - Јупитер - Сатурн - Уран - Нептун | |||
Планети-џуџиња: Керера - Плутон - 2003 UB313 | |||
Друго: Сонце - Месечината - Астериоден појас - Комети - Кујперов појас - Разреден диск - Ортов облак | |||
Видете исто така астрономски објекти и сончев систем листа на објекти, сортирани по пречник или по маса. |