Лимфа
Од Википедија, слободна енциклопедија
Лимфата е телесна течност кај човекот и вишите ‘рбетници која настанува од крвта. Нејзината улога е транспорт на поголемиот процент од липидите назад во циркулаторниот систем и срцето, како и улога во имунитетот. Таа се состои од лимфна плазма (всушност крвна плазма) и интерстициска течност.
Кога крвната плазма излегува од капиларите за да изврши размена на материи со клетките, околу 90% од неа по пат на осмоза се враќа назад, додека 10% преминуваат во лимфотокот, заедно со липидите. Притоа, крвната плазма се меша со интерстициската течност и се добива лимфата. Во лимфата се среќаваат и леукоцити.