Сифилис
Од Википедија, слободна енциклопедија
Сифилисот е полова болест која ја предизвикува микроорганизмот (бактерија) спирохета, која по полов пат навлегува низ најмалите оштетувања на слузокожата од половите органи. Може да се пренесе со контакт на заразени возрасни индивидуи, како и од заразена мајка на плодот (уште во матката). Предизвикувачот може да ги нападне сите ткива и органи. Првите видливи симптоми се јавуваат по 3 - 4 недели. Болеста може да трае со години или до крајот на животот.