Александар I
Од Википедија, слободна енциклопедија
Александар I бил крал на Античка Македонија од 498 п.н.е до 454 п.н.е. Бил син на Аминта I.
Според Херодот тој бил во непријателски односи со Персија и ги имал убиено дипломатите на Дариј I кои дошле на дворот на неговиот татко за време на Јонската буна. Но подоцна морал да се покори на Персија за време на инвазијата на Грција од страна на Дариевиот син Ксеркс I и бил представник на персискиот губернатор Мардониј за време на мировните преговори по поразот на Персија во битката кај Саламис во 480 п.н.е. И покрај неговата соработка со Персија, Александар често им давал војна помош и совети на грците и ги предупредил за планоите на Мардониј во битката кај Платаеа во 479 п.н.е. По Персиските војни Александар конечно успеал да ја врати независноста на Македонија
Иако Македонија била сметана за полуварварска земја од страна на некои грци (особено оние кои имале колонии близу Македонија и биле загрозени од македонскиот експанзионизам), Александар потекнувал од грци од Аргос и од Херакле. По одлуката на судот на хеланодикаи дека тој навистина бил нивен предок, му било дозволено да учествува во Олимписките игри, чест која им била оддавана само на грци. Го преуредил неговиот двор по урнек на Атина и бил покровител на поетот Пиндар.
Во 450 год. п.н.е бил наследен од неговиот син Пердика II.
Кралеви на Античка Македонија | |
Каран | Коин | Тирима | Пердика I | Аргеј I | Филип I | Аероп I | Алкет I | Аминта I | Александар I | Пердика II | Архелај I | Кратер | Орест | Архелај II | Аминта II | Павсаниј | Аминта III | Аргеј II | Аминта III | Александар II | Птоломеј I | Пердика III | Аминта IV | Филип II Македонски | Александар III Македонски | Антипатар | Филип III Аридеј | Александар IV | Пердика | Антипатар | Полиперхон | Касандар | Касандар | Филип IV | Александар V | Антипатар II | Деметриј I Полиоркет | Лизимах | Пир Епирски | Птоломеј II Керан | Мелегер | Антипатар II Етезиј | Состен | Антигон II Гонат | Деметриј II Етолик | Антигон III Досон | Филип V | Персеј |