Беласица
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Беласица е планина во југо-источниот дел од Република Македонија во близина на Струмица. Има напореднички правец на протегање исток - запад и должина од над 70 км2. Спаѓа во групата најстари планини не само во РМ, туку и на Балканскиот полуостров. Настанала за време на создавањето на Родопските Планини. Подоцна е разорена а повторно е издигната за време на најмладото алпско набирање. Според морфолошката структура планината е изразит хорст со мошне стрмни падини кои се спуштаат на северната и јужната страна.
Од соседните планини Беласица е одделена со долините на реката Вардар на запад. Струма на исток, Струмичка котлина на север и Дојранската и Серската котлина на југ. Според висичината спаѓа во групата високи планини (2029 м).На беласица се наоѓа тромеѓата меѓу Македонија, Бугарија и Грција. Тука е поставен граничен камен во вид на пирамида, што ја означува тромеѓата помеѓу овие три држави. Беласица е богата со шуми и на неа се среќаваат дабот, буката, борот, елата, јасенот и др.
Но таа е уште побогата со планински пасишта на кои во летниот период доаѓааат бројни стада на пасење. Само највисоките врвови на Беласица се голи и каменити. Во подножјето на Беласица извираат многубројни термални и минерални извори. Меѓу нив најпознат е изворот во с. Банско. Водата од овој извор е лековита, минерална и сулфурна со температура од 75 С. Според температурата на водата овој извор е најтоплиот во РМ. Денес изворот е уреден и спаѓа меѓу најпознатите лекувалишта - бањи во нашата земја.
На падините на Беласица се наоѓа еден од најубавите водопади во Македонија - Смоларскиот водопад.