Гејша
Од Википедија, слободна енциклопедија
Гејша е традиционална јапонска забавувачка. Во денешно време има сѐ помалку гејши во Јапонија, бидејќи процесот да се постане гејша е долг, строг и неприфатлив за модерните јапонски девојки.
Гејшите мора да имаат многугодишна пракса во нивната струка пред да излезат во традиционалните јапонски ресторани (рјоотеи). Секоја гејша е член на дом (окија) од каде што ќе биде повикана да оди во рјоотеи во околината. Менаџерите на рестораните повикуваат гејша при барање на потрошувачите. Цената за да се повика една гејша е многу скапа.
[уреди] Секојдневна работа
Нејзината главна работа се состои од две точки.
- Обрнување внимание на удобноста на присутните гости.
- палење на цигари
- дополнување на пијалоците
- стратегиско вклучување во разни дискусии
- Занимација на гостите.
- свирење на шамисен (вид на мандолина)
- пеење на традиционални балади
- танцување на традиционални јапонски танци
Од гејшите се очекува да бидат лични и интелигентни. Нивната облека се нарекува кимоно, кое мора да е по највисок стандард сѐ до секој последен детал.
[уреди] Извор
- Јошијуки Араисо и Џин Мур, 1994, Јапонско-англискиот разговорен речник за Јапонија, Обунша. ISBN 4-01-075023-5
[уреди] Надворешни врски
- Грахам (Дијаз), Наоми, „Бесмртна гејша“ (англиски)
- Цвеќето и светот „Ханамачи“ (германски)
- Коен, Кетлин, „Историја на гејшите“. Училиште за уметност и дизајн.
- Патерсон, Софија, „Karyukai“ (англиски)
- Japonismo.com Традиционална и модерна јапонска култура, со секција посветена на гејшите „Geisha, arte y tradición“ (шпански)
- Фото-галерија на гејши (англиски)
- Јапонски гејша танц (англиски)
- Јапонски гејша танц II (англиски)
- Јапонски гејша танц III (англиски)