Орева
Од Википедија, слободна енциклопедија
Орева (Orewa) е гратче на Северниот Остров на Нов Зеланд на Хибискусовото крајбрежје, 30 километри северно од Окленд и близу основата на полуостровот Фангапараоа. Населението брои 6000 жители, и многу посетители на одмор.
Орева се наоѓа на источната обала на Севернооклендскиот полуостров, во рамките на округот Родни, а низ местото поминува на Државниот автопат 1. Северниот автопат моментално завршува токму во Орева.
[уреди] Надворешни врски
- Веб-сајтот на плажата на Орева (англиски)
- Општински веб-сајт на округот Родни (англиски)