Пејоти
Од Википедија, слободна енциклопедија
Пејоти | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() Кактус пејоти во природно наоѓалиште.
|
|||||||||||||||
Научна класификација | |||||||||||||||
|
|||||||||||||||
|
|||||||||||||||
Lophophora williamsii (Lem.) J. Coult. |
|||||||||||||||
|
Пејоти - Peyote (Lophophora williamsii) е мал кактус без стебло. Неговиот првичен регион на виреење се простирал од југоисточниот дел на САД (вклучувајќи ги Тексас и Ново Мексико) па се до централно Мексико. Со векови се користи поради психоделичните ефекти кои ги предизвикува при неговото внесување.
Од цветовите на кактусот понекогаш се развиваат розеви овошки, кои личат на феферонки со деликатен и сладок вкус. Растението има мали, црни семки на кои им требаат влажност и топлина за да изртат, што е и една од причините за тоа што се поретко може да се најде на своите природни наоѓалишта. Нивниот број се намалува и поради нивната комерцијална експлоатација. Пејоти содржи многу типови на фенетиламин алкалоиди, од кои најзастапен е мескалинот. Сите видови на Lophophora во природа растат многу полека, често им се потребни и до триесет години додека да почнат да цветаат (до тој момент без коренот имаат големина колку едно топче за голф). Додека оние видови кои ги одгледуваат луѓето растат значително побрзо. Вообичаено им се потребни шест до десет години од никнувањето додека да ги дадат првите цветови. Поради ептен спориот раст на пејоти и прекумерното берење, се смета дека постои опасност од истребување на ова растение.
Ова растение е тема и на есејот "Врати на перцепција (The doors of perception)" од Алдус Хаксли, а според истиот тој есеј за ова растение е базирано името на рок групата The Doors.