Синапса
Од Википедија, слободна енциклопедија
Синапсата е физиолошка врска што се воспоставува меѓу две или повеќе поларизирани невронски мембрани. Се карактеризира со способност за:
- Одбирање на потребните нервни импулси, да ги насочи кон други синапси
- Задржување и сумирање на импулсите,со што ќе ги засили и ќе ги спроведе на друго нервно влакно
- Игнорирање на познатите информации и спречување на нивна трансмисија во нервните центри.
Синапсата се состои од претсинаптичко нервно влакно, синаптичка пукнатина (каде од везикулите што ги содржи се ослободуваат невротрансмитери) и постсинаптичко нервно влакно.
[уреди] Поделба на синапсите
Бидејќи се наоѓаат во различни делови од нервниот систем,има:
- Периферни синапси, меѓу нервната и мускулната или епителната клетка. Овие синапси се однесуваат на простите рефлексни лаци.
- Централни синапси, сместени во сивата маса на централниот нервен систем. Овие синапси се посложени од периферните,бидејќи се состојат од повеќе нервни влакна од други нервни клетки,кои се вметнати меѓу сензитивните и моторните неврони.