Тиквешко Езеро
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тиквешкото Езеро се наоѓа на Црна Река 12км југозападно од Кавадарци, односно 3км јужно од селото Возарци. Езерото е настанато во 1968 година со преградување на кањонот на реката и со изградба на [брана] висока 104м. Браната е изградена од нафрлан камен со глинено јадро чија должина изнесува 338м.
Тиквешкото езеро е најголемо вештачко езеро по површина , длабочина и по должина во нашата земја, а второ по вкупното количество вода во него. Зафаќа површина од 14км2 и должина од 29км. Вкупната бруто-зафатнина во езерото изнасува 475 милиони м3 вода. Водата од Тиквешкото езеро се користи за наводнување и за добивање на електрична енергија. Наводнувањето се врши преку хидросистемот "Тиквеш", а во близина на браната е подигната хидроцентралата "Тиквеш". Езерото е богато со риба, а од видовите се истакнува сомот кој може да достигне должина над два метра.
Непосредно над езерото се наоѓа Полошкиот манастир и црквата „Свети Ѓорѓи“, значаен споменик на културата од XIV век богато украсен со фрески. За него се мисли дека потекнува од крајот на IX век, бидејќи според архитектурата е многу сличен со охридските црковни градби. Поголемо количество од водата од езерото во текот на летниот период се испушта во Вардар со цел да не дојде до еколошка катастрофа на фауната, поради нискиот водостој.
[уреди] Галерија
Загрозена локална птица-грабливка |