Хипогликемија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ако количеството на шеќер во крвта, обично кај лице кое има шеќерна болест, се намали под нормалните граници (под 4 mmol/L), тогаш доаѓа до хипогликемија, или недостиг на шеќер во крвта. Ако нивото на глукоза во крвта се приближи до 2 mmol/L се добива ударен напад а пак во областа на 0.5 mmol/L се навлегува во кома при што може да биде оштетен мозокот или да дојде до смрт. Се јавува ако при лекувањето дијабетичарите користат таблети или инсулин. Кај дијабетичарите кои се лекуваат ”само со диета" не постои опасност да се јави хипогликемијата.
Содржина |
[уреди] Симптоми
Симптомите на хипогликемија се различни, меѓутоа луѓето најчесто ги забележуваат следниве:
- Треперење
- Потење
- Забрзано чукање на срцето и бледило
Ако не се лекува хипогликемијата, симтомите можат да се влошат и да доведат до:
- Збунетост
- Нејасен говор
- Дремливост
- Промени во однесувањето, како на пример, агресивност, раздразливост, плачење
- Тетеравење како да сте пијани
- Бесвест
[уреди] Причини
Можните причини кои може да доведат до јавувањето на хипогликемија се:
- Премногу лекарства
- Премногу вежбање или непланирано вежбање
- Задоцнување со оброк или ужинка
- Недоволно јадење на храна богата со јаглехидрати
[уреди] Како да се спречи хипогликемија
Во итен случаи ако се јави хипогликемија кај личност со шеќерна болест, веднаш мора да каснат малку шеќер или да се напијат сладок пијалок. После тоа, треба да се јади храна која содржува јаглени хидрати. При хипогликемија мора веднаш да се реагира иначе личноста може да се онесвести.
- Секој ден треба да се зема одредената доза на инсулин или таблети.
- Не смее да се пропуштаат оброците или ужинките.
- Пред да се почне со некоја напорна работа, треба да се јади храна богата со јаглени хидрати (енергија).
- Ако се пие алкохол, треба да се јади непосредно со тоа.
[уреди] Извор
- http://www.health.nsw.gov.au/mhcs/publication_pdfs/5955/DOH-5955-MAC.pdf Мултикултурен здравствен комуникативен сервис, Памфлет - Здрава исхрана за шеќерна болест, Нов Јужен Велс, септември 2001.