Адмиралитетска арка
Од Википедија, слободна енциклопедија
Адмиралитетската арка (англиски: Admiralty Arch) е голема деловна зграда во Лондон во чиј состав се наоѓа порта со пет арки која служи како уличен и пешачки приод помеѓу Шеталиштето (The Mall), накај југозапад, и Трафалгарскиот плоштад на североисток. Архитектот бил Астон Веб. Сврзана е со Зградата на Стариот Адмиралитет, по кој го носи своето име.
Изградбата е нарачана од кралот Едвард VII во спомен на неговата мајка кралицата Викторија, иако тој не доживеал да ја види завршена. При врвот стои латински натпис со следниве зборови:
: ANNO : DECIMO : EDWARDI : SEPTIMI : REGIS :
: VICTORIÆ : REGINÆ : CIVES : GRATISSIMI : MDCCCCX :
Адмиралитетската арка е знаменитост од I класа. Во 2000, Кабинетната Служба се преселила во оваа зграда, додека седиштето сеуште им е во Вајтхол. Градбата е дом и на Стратешката единица на Премиерот.[1]