Аквадукт кај Скопје
Од Википедија, слободна енциклопедија
Околу датирањето на Аквадуктот се искажани повеќе мислења. Според едни истражувачи тоа е римска а според други Византиска градба. Според овие мислења тој бил поврзан со градот Скупи и овозможувал да биде доведена вода од Скопска Црна Гора. Меѓутоа последните истражувања дефинитивно го решиле проблемот на неговото датирање. Така сега со голема сигурност може да се тврди дека тој бил изграден во период на ропството под османлиите во 16 век, кога во Скопје се започнува со интензивно градење на амами и џамии, за чија градба и функционирање се потребни големи количества чиста вода. Водата била преку аквадуктот дотурана од каптирани извори во Скопска Црна Гора.