Александар Урдаревски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Александар Урдаревски - Станко (1920, с. Чучер, Скопско - 1943, ?)
По завршувањето на основното и средното образование во Скопје студира на Земјоделскиот факултет во Белград. Студиите ги прекинува поради војната и капитулацијата на Југославија. По враќането во Скопје се вклучува во подготовките за вооружена борба.
Во август 1941 година паминува во Првиот скопски партизански одред. Во 1942 година се бори во Вториот скопски партизански одред, каде што е заменик-командант и командант. Во 1943 командува со Скопско-косовскиот партизански одред.
Прогласен посмртно за народен херој во 1951 година.