Александр Аркадјевич Ростковски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Александр Аркадјевич Ростковски (1860-1903) бил руски конзул во Битола од 1895 год. Првпат се сретнал со Крсте Петков Мисирков при нивниот заеднички настап со реферати за Македонија во Императорското руско географско друштво во Санкт Петербург во декември 1897 година, кога Мисирков штотуку се запишал како студент. Во 1902 год., кога Крсте дошол во Битола, станал и домашен учител на конзуловите деца, а на 26 јули 1903 год. (ст.стил) тој му бил единствениот сведок при убиството и заедно со неговото тело морал да ја напушти Македонија и заминал во Одеса, а оттаму во Петербург.