Бартоломео Растрели
Од Википедија, слободна енциклопедија
Франческо Бартоломео Растрели (1700-1771) бил руски архитект со италијанско потекло. Тој развил лесно препознатлив доцнобарокен стил на раскошна и величенствена архитектура. Неговите главни дела како Зимскиот дворец во Санкт Петербург и Катеринскиот дворец во Царское село, се познати по својата екстравагантен ракош и изобилство на украси.
Бартоломео пристигнал во Русија во 1715 со неговиот татко, италијанскиот скулптор Карло Растрели (1675-1744). Неговата амбиција била да ги комбинира најновите италијански моди со традициите на московскиот барокен стил. Првата важна нарачка ја примил во 1721 која била дворец за принцот Димитриј Кантемир, некогашен владетел на Молдавија.
Растрели бил назначен за главен дворски архитект во 1730. Неговите дела им се допаднале на женските монарси во тоа време, и затоа тој ја задржал оваа функција през владеењата на царицата Ана (1730-40) и Елисавета (1741-62). Неговите главни дела биле:
- 1730 - Аненхофски дворец во Лефортово, Москва, срушен во 19-тиот век
- 1733 - Првиот Зимски дворец во Санкт Петербург, кој потоа бил срушен
- 1736 - Руенталски дворец за Ернст Бирон, војвода од Курска и интимен пријател на царицата Ана
- 1738 - Митавски дворец во Елгава, Курска, исто така за Бирон
- 1741 - Летниот дворец во Санкт Петербург, срушен во 1797
- 1747 - Проширување и реновација на Великиот дворец Петерхоф
- 1749 - Црквата Св. Андреј во Киев
- 1749 - Вороноцов дворец во Санкт Петербург
- 1752 - Катерински дворец во Царское село
- 1752 - Маријински дворец во Киев (денес церемонијална резиденција на Претседателот на Украина)
- 1753 - Строганов дворец на Невски проспект, Санкт Петербург
- 1753 - Зимскиот дворец во Санкт Петербург
Последниот и најамбициозниот проект на растрели бил манстриот Смолни во Санкт Петербург каде царицата Елисавета требада да го проведе остатокот од својот живот. Проектираната камбанарија требала да стане највисоката градба во цела Русија. Смртта на Елисавета во 1762 му оневозможила на Растрели да го заврши овој величенствен проект целосно.
Царицата Катерина II не ја сакала барокната архитектура и затоа Растрели се пензионирал во Курска каде надгледувал украсувања на војводски дворци. Неговите последни години ги провел во трговија со некои италијански продавачи на уметнички дела. Тој бил избран за член на Империјалната Академија на Науките неколку месеци пред неговата смрт. Плоштадот пред манастирот Смолни го носи неговото име од 1923 год.
[уреди] Видете исто така
- Соба од ќилибар