Бафало
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бафало е американски град во западен Њујорк. Тој е вториот по големина град во оваа сојузна држава, по Њујорк, и е седиште областа Ери. Бафало-Нијагара метрополитен областа има околу 1,1 милиони жители. Без разлика на неговата сива, индустриска слика, Бафало е дом на различно население, уметност, култура, ноќен живот и слично.
Бафало има неколку прекари. Најчестиот е The Queen City, кој се однесува на неговата позиција на преминот од дваесеттиот век, како втор по големина град во областа на Големите езера, по Чикаго, Илиноис. Бафало е исто така познат и како The Nickel City, како резултат на појавата на бафало на позадината на американските монети во раниот дваесетти век. The City of Good Neighbours се однесува на духот на неговото население.