Бентли Државна Лимузина
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бентли Државна Лимузина | |
![]() |
|
Произведувач: | Бентли/Мулинер |
---|---|
Производство: | 2002 само 2 примерока |
Бентли Државна Лимузина (англиски: Bentley State Limousine) е автомобил направен од Бентли за кралицата Елизабета II по повод нејзиниот златен јубилеј во 2002.
Автомобилот има двоен турбо мотор со работна зафатнина од 6.75 литра и 8 цилиндри. Ова е модифицирана верзија на моделот Арнаж верзија R со јачина од 400 кс и момент на сила од 69.6 Nm. Максималната брзина е ограничена на 210 км/ч.
Бентли Државнатѕа лимнузина е за 0.91 м (3 стапки) подолга од стандардниот Бентли Арнаж, повисока за 25.4 см (10 инчи) и поширока за 15.24 (6 инча). Опремена е со широки т.н. „самоубиствени врати“ чии шарки се одзади и се отвораат речиси 90 степени.
Автомобилот е блиндиран, има протвмински под, стакло кое издржува базука и кабина која се запечатува против напад со гас. Овие безбедносни мерки му даваат на автомобилот тежина од 4000 кг, и тој се движи на зарамнети гуми.
Направени сае само два примерока од овој автомобил - и двата за кралицата и со тоа е уште поредок од легендарниот Ролс-Ројс Фантом IV, со само 18 примерока, ексклузивно само за кралски семејства и шефови на држави.