Берлински договор
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Со член 23 од Берлинскиот договор од 1878 година, Турција беше задолжена заедно со претставници на месното население, да подготви и да спроведе реформи и во Македонија. Но ниту Турција сакаше, ниту пак заинтересираните големи и мали држави и овозможија таа да го реализира овој член. Сепак, тоа беше првиот меѓународен акт што се однесуваше за Македонија и врз кој се засновуваа сите натамошни акции на Македонците во борбата за национално ослободување.