Бриџтаун
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бриџтаун, поранешен Сент Мајкл, е главниот град на Барбадос. Има 5.928 жители. Градот се наоѓа на југозападниот дел од островот и излегува на Карипското Море.
Местоположбата на денешниот град е утврдена од Британците во 1628 година. Бриџтаун е главна карипска дестинација и игра важна улога на финансиски, информатички и конвенциски центар во карипскиот регион.
Иако Барбадос бил наполно напуштен или ненаселен кога Британците допловиле, како единствена трага од домородното население кое живеело тука бил еден многу примитивен мост, конструиран над реката Керинаж во центарот на Бриџтаун.
Се претпоставува дека овој мост бил создаден од луѓе, автохтони за Карибите, познати како Аравак-Индијанци. По овој мост, градот најпрво бил наречен Индијански Мост, а дури подоцна го добил своето денешно име - Бриџтаун.