Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Web Analytics
Cookie Policy Terms and Conditions Веб-пристапност - Википедија

Веб-пристапност

Од Википедија, слободна енциклопедија

Веб-пристапност (анг. web accessibility) е практика преку која се овозможува веб-страниците да бидат достапни за луѓето кои користат широк опсег на софтверски продукти и уреди-кориснички агенти, не само стандардни веб прелистувачи (анг. web browsers). Ова е особено важно за луѓето со хендикеп како што е нарушување на видот. Со цел да пристапат на вебот, некои корисници имаат потреба од специјален софтвер или уреди покрај стандардниот веб прелистувач, или специјални веб-prelistuva;i. Дизајнирањето за пристапност е поткатегорија на добриот дизајн за употребливост.

Потребите кои пристапноста треба да ги задоволи се:

  • Визуелни: нарушувања на видот како слепилото, различни видови на слабо гледање и нарушен вид, како и различните видови далтонизам (слепило за бои).
  • Моторни/мобилност: на пр. тешкотија или неможност да се користат рацете, меѓу кои и тресења, спорост на мускулите, губење на контрола врз мускулите итн., поради состојби како Паркинсоновата болест, дистофија на мускулите, целебрална парализа, мозочен удар...
  • Когнитивни/интелектуални: пречки во развојот, потешкотии со учењето (дислексија, дискалкулиа итн.), како и различни когнитивни нарушувања кои од различни причини влијаат на помнењето, вниманието, развојната „зрелост“, вештини за решавање проблеми и примена на логика, итн.
  • Аудиторни: глувост или нарушување на слухот, како и наглуви луѓе.
  • Напади: фотоепилептични напади предизвикани од стробоскопски или ефекти на блескаво светло.

Содржина

[уреди] Придобивки од веб-пристапност

Обрнувањето внимание на пристапноста при дизајнирањето веб-сајтови често ја зголемува употребливоста за сите корисници. Добриот дизајн исто така овозможува полесен пристап за автоматизирани софтверски програми кои ги читаат содржините на веб-сајтовите, како на пр. за машините за пребарување.

Еден важен аспект на пристапноста е што овозможува на луѓето да пристапат до содржините на начин кој најмногу им одговара. Ова може да биде од полза за сите корисници, а не само за лицата со хендикеп: на пр. некои корисници може да сакаат да ја менуваат големината на текстот затоа што користат мал екран на мобилен телефон, или имаат потреба да ја користат тастатурата за контрола на компјутерот бидејќи немаат глувче или не сакаат да го користат. Графичките содржини воглавно се бесполезни за машините за пребарување.

Различни веб-сајтови повлекуваат различен степен на загриженост за пристапноста. На пример:

  • Веб-сајт кој обезбедува информации за хиперкинетичко растројство со дефицит на внимание (ADHD) треба да биде лесно пристапен за луѓе кои имаат ADHD.
  • Владин веб-сајт наменет за општата јавност или адресар со ресурси за луѓе во кризни состојби треба да има предвид колку што е возможно повеќе хендикепи, со цел да биде достапен за сите граѓани.

Многу луѓе со делумно нарушување на видот или дислексија ќе имаат потреба да ги променат боите на текстот или позадината за да може полесно да читаат. Корисниците со дислексија или ADHD ќе имаат потреба да ги запрат подвижните слики на екранот оти им го нарушуваат вниманието. Луѓе со ADHD може да бидат збунети или одвратени од веб-сајтови кои се богати со линкови оти може да имаат потешкотии со тоа што пред нив се поставени премногу опции.

На пример, линковите кои може да се активираат само со кликнување на глувчето не може да ги користат луѓе кои ја користат само тастатурата или читач на екранот за интеракција со компјутерот. Информациите обезбедени само во аудио-формат се непристапни за глуви лица, а информациите обезбедени само во графички формати се непристапни за слепи лица.

Дизајнирањето на веб-сајтови во согласност со принципите на веб-пристапност е неопходно за да се обезбеди пристап за сите корисници.

[уреди] Технологија

[уреди] Уреди-кориснички агенти

Најголем дел од луѓето го користат вебот со помош на веб-разгледувач на компјутер. Други начини за пристап на вебот се личен дигитален асистент (Personal Digital Assistant - PDA) или мобилен телефон. Честа појава е машините за пребарување да пристапуваат на содржините од вебот преку специјализирана програма наречена пајак (анг. spider).

Достапна е широка палета на техники и технологии кои го олеснуваат пристапот на вебот за луѓе со хендикеп, како и за сите други корисници. Овие може да се поделат на две (неексклузивни) класи: првата е технологии што овозможуваат, наменети за надминување на хендикеп од голем размер, како слепило, а втората е технологии што помагаат, кои се однесуваат на помали нарушувања.

Технологии што овозможуваат се:

  • Веб-разгледувачи што произведуваат звук, кои на глас ги читаат текстуалните содржнини.
  • Софтвер за препознавање на говор, што може да прифати изговорени наредби до компјутерот, или да овозможи диктирање.
  • Браев терминал, кој се состои од браев дисплеј што се менува кој го претвора текстот во браево писмо, најчесто преку подигање и спуштање на мали клинови низ дупчиња на рамна површина, во комбинација со обична (QWERTY) или брајова тастатура.

[уреди] Технологии што помагаат

Покрај специјализираните уреди-кориснички агенти, компјутерската пристапност ја зголемуваат и низа технологии што помагаат. Овие технологии се од голема помош за луѓето со хендикеп кои го користат вебот. На пример:

  • Софтвер за препознавање на говор, кој може да биде полезен за оние кои имаат потешкотии во користењето на глушец или тастатура.
  • Софтвер за зголемување на екранот, кој го зголемува она што е прикажано на мониторот од компјутерот, со што го прави полесно за читање за луѓето со нарушен вид.
  • Додатоци за тастатурата кои овозможуваат полесно и поточно чукање за луѓето со потешкотии при контрола на движењето.
  • Софтвер за читање од екранот, кои може да ги прочитаат (преку синтетизиран говор) или одбрани елементи прикажани на мониторот (како помош за луѓето со потешкотии при читањето или учењето) или пак сè што е прикажано на мониторот (за слепи или луѓе со нарушен вид).
  • Софтвер за автоматско преведување, кој овозможува читање на веб-сајтови на странски јазици, особено за лицата кои се дијагностицирани со потешкотии во учењето.

[уреди] Технологии за машински превод

Софтверот кој може автоматски да преведе содржини од еден природен јазик во друг се нарекува софтвер за машински превод. Пример за ваква апликација е Бабел фиш на Алта виста, веб-сајт кој може да преведе делови текст или цели веб-страници од и на англиски и најважните европски јазици. Во општ случај, ваквите преводи се несовршени. Подобри резултати се добиваат со комерцијални софтверски пакети кои се купуваат и инсталираат директно на компјутерот на корисникот.

Арно ама, за ваквите технологии да бидат целосно ефективни при разгледувањето на вебот, од клучна важност е самите веб-сајтови да се дизајнирани пристапно. Како крајна цел на напорите за пристапност на содржините е универзалната пристапност, со која сите содржини од вебот би се направиле пристапни за сите луѓе, преку уреди-кориснички агенти.

[уреди] Иницијатива за веб-пристапност

Конзорциумот В3Ц (World Wide Web Consortium – W3C) ја има покренато Иницијативата за веб-пристапност (Web Accessibility Initiative - WAI) со цел да се развијат насоки и ресурси за веб-пристапност. Преку неа се обезбедуваат материјали за поддршка со кои се овозможува разбирање и спроведување на веб-пристапност.

Во 1999 година Иницијативата ги објави Насоките за пристапност на веб-содржини (Web Content Accessibility Guidelines) WCAG 1.0, кои се општоприфатени како дефинитивно упатство за како се прават пристапни веб-сајтови. Од 2003 година Иницијативата работи на второто издание на овие насоки, WCAG 2.0, која во моментов е во фаза на работна верзија.

[уреди] Законски обврски за веб-пристапност

Сè поголем број земји имаат воведено законски решенија кои или директно се однесуваат на потребата веб-сајтовите и другите форми на комуникација да бидат пристапни за луѓе со посебни потеби, или се однесуваат на поопштите побарувања против дискриминацијата на луѓето со посебни потреби.

[уреди] САД

Во САД, Делот 508 од Актот за рехабилитација ги обврзува сите федерални агенции и нивните подизведувачи да овозможат на вработените и сите други граѓани со посебни потреби пристап до информациите (вклучително и веб-сајтовите) во иста или слична мерка како пристапот овозможен за сите други. Законот Акт за Американците со хендикеп од 1990 година забранува дискриминација врз основа на хендикеп, а Делот 255 од Актот за телекомуникации од 1996 година ги обврзува производителите да ги прават телекомуникациските продукти и услуги достапни во сите случаи, освен кога тоа бара надминување на значителни потешкотии или значително ги зголемува трошоците. Примената на последните два закони во однос на пристапноста е комплицирана и зависи од поставување преседани. На 7 септември 2006 година судијата Мерилин Хал Пател во случајот на Националната федерација на слепите против Корпорацијата Таргет пресуди дека продажен синџир со физички продавници може да биде тужен ако неговиот веб-сајт е непристапен за слепи лица.

[уреди] Австралија

Во 2000 година, еден слеп Австралиец доби на суд против Организациониот комитет на Олимписките игри во Сиднеј со примена на Актот против дискриминација на луѓето со хендикеп од 1992 година, бидејќи Комитетот не го направил нивниот веб-сајт пристапен за слепи лица. Комисијата за човекови права и еднакви можности има објавено насоки за веб-пристапност поврзани со тој закон [1]. Сите влади на австралиските држави имаат јавни политики и насоки за пристапност на веб-сајтовите во јавна сопственост, кои се достапни на веб-сајтот на организацијата Вижн Острелија [2].

[уреди] Ирска

Во Ирска, како додаток на Актот за хендикеп од 2005 година во јули 2006 година Националната управа за хендикеп објави Код на пракса за пристапни јавни сервиси [3]. Се работи за практичен водич со кој се помага на владините служби и над 500 јавни тела да ги исполнат своите законски обврски.

[уреди] Ревизија на пристапноста на веб-сајт

Сè поголем број организации, компании и консултантски куќи нудат услуги на ревизија на пристапноста на веб-сајтови. Овие ревизии се еден вид тестирање на системи преку кој се откриваат проблемите со пристапноста кои се присутни на даден веб-сајт и нудат совети и насоки за чекорите кои треба да се преземат за да се исправат тие проблеми.

При ваквите ревизии се користат низа методи:

  • Автоматски алатки за откривање на некои од проблемите
  • Ревизии од технички експерти, специјалисти за веб-дизајн и пристапност, кои испитуваат репрезентативен примерок од страници и нудат детални повратни информации и совети врз основа на нивните наоди.
  • Тестирање со корисници, под надзор на технички експерти, при што на обични корисници им се задаваат задачи што треба да ги извршат со користење на веб-сајтот, по што се прави анализа на проблемите на кои наидуваат корисниците.

Секоја од овие методи има свои јаки и слаби страни:

  • Автоматските алатки може да процесираат голем број страници за релативно кус временски период, но може да откријат само некои од проблемите со пристапност присутни на дадениот веб-сајт.
  • Ревизиите од технички експерти може да откријат голем број од проблемите, но процесот одзема доста време и многу веб-сајти се преголеми за една личност да може да ги испита сите страници.
  • Тестирањето со корисници комбинира елементи од тестирање на употребливост и пристапност. Како такво е од голема полза при откривање проблеми кои на друг начин може да бидат превидени, но мора да се користи внимателно за да се избегне влијанието на субјективниот вкус на тестираните корисници на дизајнот.

Во идеален случај, за анализа на пристапноста на еден веб-сајт треба да се користи комбинација на сите три методи.

[уреди] Библиографија

  • Thatcher, Jim; Cynthia Waddell, Shawn Henry, Sarah Swierenga, Mark Urban, Michael Burks, Paul Bohman (2003). Constructing Accessible Web Sites, Reprint, Apress (Previously by Glasshaus). ISBN 1-59059-148-8.
  • Slatin, John; Sharron Rush (2002). Maximum Accessibility: Making Your Web Site More Usable for Everyone. Addison-Wesley Professional. ISBN 0-201-77422-4.
Static Wikipedia 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu