Веб-стрип
Од Википедија, слободна енциклопедија
Веб-стрип (webcomics), се стрипови кои се достапни преку интернет, најчесто без да имаат и печатено издание. Оние кои имаат печатено издание најчесто одржуваат и архива на веб, од комерцијални или уметнички причини. Благодарение на лесниот пристап до публиката што го обезбедува интернет, веб-стриповите ги има во најразлични форми, од традиционалните новински стирпови во ремени (каиши), преку графички новели, до сосем нови форми во кои е искомбинирана мултимедија и интерактивност.
Веб-стриповите се слични на печатените стрипови во самиздат по тоа што скоро секој може да создаде свој веб-стрип и да го објави на веб. Во моментов постојат околу 70.000 веб-стрипови[1]. Квалитетот на повеќето од нив е невоедначен и на аматерско ниво, со спорадично ажурирање, но некои од нив имаат постигнато комерцијален успех, широка популарност публиката или углед кај критиката.
[уреди] References
- ↑ „thewebcomiclist.com“. [Страната е посетена на 2006-09-17].