Вила Фоскари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Вила Фоскари (Villa Foscari), е ремек-дело на италијанскиот архитект Андреа Паладио, повеќе познато како La Malcontenta. Вилата го добила прекарот заради жената на сопственикот која била заклучена во една од собите зошто не си ги извршувала сопружничките должности.
Вилата е на прекрасна локација покрај каналот Брента. Била порачана од Николо и Луиџи Фоскари, членови на венецијанското семејство од кое излегле многу дуждови. Куќата е изградена помеѓу 1550 и 1560 и стои врз масивен пиедестал, карактеристичен за вилите на Паладио.