Вирален маркетинг
Од Википедија, слободна енциклопедија
Вирален маркетинг (viral marketing) се техники на рекламирање кои ги искористуваат постоечките социјални мрежи за да предизвикаат експоненцијални зголемувања во свесност за брендови, преку вирални (вирусни) процеси кои налекуваат на ширење на епидемија. При тоа, преносот на информации е многу брз и со широк опсег, преку лични контакти (word of mouth) зајакнати со употребата на интернет.
Овој вид маркетинг е доста прифатлив за компаниите од причина што е доста поефтин од останатите конвенционални начини на рекламирање.
Често се случува виралната (вирусна) кампања да биде започната од луѓе надвор од компанијата чијшто производ или услуга се промовира.