Владо Черноземски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Владо Георгиев Черноземски е роден на 19 октомври 1897 во село Каменица, денес кварт на бугарскиот град Велинград. Тој завршил само трет клас во селето во 1922 станува член на ВМРО. Бил познат како еден од најдобрите стрелци во организацијата, а бил и доста ладнокрвен човек. Како еден од најподготвените личности му се даваат голем број на задачи кои ги извршувал за организацијата (види: Ванчо Михајлов), меѓу кои е и ликвидацијата на Димо Хаџи Димов.
На 9 октомври 1934 во Марсеј го врши атентатот врз кралот на Југославија, Александар Караѓорѓевиќ, и врз министерот Луј Барту. Черноземски е ранет од полицијата и за кратко време умира. Закопан е под непознати околности и на погребот присуствувале само двајца детективи и гробари. Местото каде што е закопан Владо Черноземски и ден денес не е откриено.