Разговор:ВМРО-ДПМНЕ
Од Википедија, слободна енциклопедија
....Оригиналната ВМРО (нејзиното десно крило на чело со Тодор Александров и Ванчо Михајлов) била забранета во 1934 во Бугарија.... Од каде сега оригинална ВМРО да била онаа на Ванчо?Се знае дека дошло до распад на оригиналната ВМРО многу порано.Внатрешната македонска револуционерна организација, онаа на Гоце, Горче, Даме, формирана во 1893 година во Солун, престана да постои по Рилскиот конгрес (1905), со расцепот што се случи во Организацијата во 1906 година. Во наредните осум години по убиството на Т. Алек-сандров (1924), за да обезбеди целосна контрола над Организацијата, како и контрола над Пиринска Македонија и врз македонската емиграција во Бугарија, Михајлов, со ангажман на бугарската влада и во комплетно своја режија, одржа три конгреси: во февруари 1925, во јуни 1928 и во април 1932 година. Членовите на ЦК (обично тројца), „избирани" на конгресите, В.М. ги избираше по свое наогање - никогаш едни исти личности не беа по двапати избрани во највисокот тело на неговата приватна ВМРО, освен тој, чиј избор никогаш не доаѓаше во прашање. Тој конгресите на својата ВМРО го нарече шести, седми и осми, макар што никогаш највисоките собири на Организацијата не беа именувани со бројки, за да покаже дека, наводно, неговата терористичка и антимакедонска партија е наследничка на ВМОРО, што значи сам се прогласи за лидер-наследник на македонското револуционерно и ослободително движење!
- Да, се сложувам со горенаведеното... Ќе се обидам да ја неутрализирам статијата малку. --FlavrSavr 12:35, 11 Февруари 2006 (UTC)