Гонореа
Од Википедија, слободна енциклопедија
Гонореата е полова болест која ја предизвикува бактеријата гонокок, при што ја зафаќа слузокожата на половите органи. Подоцна се проширува и на внатрешните органи од репродуктивниот систем. Тоа е најчеста полова болест која се пренесува при полов контакт и поретко преку интимни контакти. Кај жените предизвикува стерилитет. Може да се пренесе и на новороденчето за време на породувањето.