Граблива птица
Од Википедија, слободна енциклопедија
Грабливи птици | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() Орел рибар
|
|||||||
Научна класификација | |||||||
|
|||||||
|
|||||||
|
Граблива птица или птица-грабливка е птица која лови (за храна) користејќи ги главно канџите. Нивна карактеристика е закривениот врв на клунот и одличниот вид.
Дневните грабливи птици припаѓаат на редовите Орли и Соколовидни во неколку групи:
- Јастребовидни
- Орел рибар
- Јастреби: јастреби, орли, и старосветски мршојадци
- Птица секретарка
- Соколовидни
- Соколи: сокол
За алтернативна таскономија, видете Сибли-Алквистова тасономија.
Ноќните грабливи птици—утовите—се засебни од фамилиите на дневни птици и спаѓаат во свој посебен ред.
Иако други групи на птици може да имаат слични еколошки улоги и на прв поглед понекогаш изгледаат сродни, ова главно се должи на конвергентна еволуција.
[уреди] Поделба по име
- Орли со големи птици со долги, широки крилја и големи нозе.
- Соколи се мали до средни грабливки со долги зашилени крилја. За разлика од највеќето други грабливи птици, овие им припаѓаат на Соколите, а не на Јастребите. Многу од нив се особено брзи летачи. Тие не градат свои гнезда, туку се гнездат во стари гезда од други птици или пак несат јајца на рабовите од карпите или во шуплините од дрвата.
- Утови се ноќни ловци со разни големини. Летаат бесшумно и имаат многу остар вид и слух.
- Еји се големи, тенки јастреболики птици со долги опашки и долги тенки нозе. Највеќето ловат со едрење и кружење ниско над пасишта и мочуришта.
- Јастреби се грабливки од средна големина кои му припаѓаат на редот Јастреби. Живеат главно во шумовити предели и ловат со ненадејни излети од скривалишта. Обично имаат долги опашки.
[уреди] Видете исто така
- Птица
- Соколарство