Гранодиорит
Од Википедија, слободна енциклопедија
Гранодиоритите се вариетет на гранитот, кај кои натриумовиот плагиоклас преовладува над алкалниот фелдспат. Имаат зрнеста (главно среднозрнеста до ситнозрнеста) структура. По боја се сивозелени, зелени или црвеникави (кога бојата им доаѓа од обоениот фелдспат). Бидејќи се побогати со боени состојки, гранодиоритите се главно потемни од гранитите.
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |