Дајре
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дајрето е македонски народен ударен инструмент кој се користи за одржување на ритам.
Мембраната на дајрето е направена од козја кожа оптегната врз дрвен обрач. По работ на инструментот лабаво се поставени метални дискови во парови, кои призведуваат кус, кршлив звук кога свирачот удира по дајрето со рачниот зглоб и прстите.
По обичај, дајрето е женски инструмент и понекогаш се користи на слави.