Демократско-републиканска унија на Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
[уреди] Историјат
Демократско-републиканската унија на Македонија е формирана на 21 Ноември 2004 година (Св. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ), на Основачкото Собрание на кое присуствуваа над 500 основачи, членови на ДРУМ. Основачкото Собрание се одржа во Скопје во салата на тогашната општина Чаир. Претседавач беше тогашниот актуелен градоначалник на Чаир, г. Аце Миленковски. Изгласани беа Статутот на Партијата и Програмата на ДРУМ.
За Претседател на Партијата беше избрана г-ѓа Доста Димовска, Потпретседател Ристо Тошев и Секретар Аце Миленковски, како и дванаесет членови на Извршниот Одбор.
ДРУМ учествуваше на Локалните Избори во март 2005 година со свои кандидати за Советници и Градоначалници. Заради немање на инфраструктура на целата територија на Р. Македонија беа кандидирани Советници во шест Општини и кадидат за Градоначалник во една Општина.
На локалните избори ДРУМ доби осум советнички места во 5 (пет) Општини или 6.6% од вкупниот број на излезени гласачи.
Во општина Зрновци и Кратово, ДРУМ учествува со со свои советници во коалицијата на локалната Власт и има еден Претседател на совет на Општина Зрновци.
Во изминатиот период беше покриена територијата на државата со општински и младински одбори на ДРУМ. Во повеќе места беа оддржани трибини, прес-конференции и настапи на локални медиуми.
Остварени се средби со повеќето сродни партии: ЦДУ од Германија, Народна Партија на Австрија, СДС и ССД од Бугарија како и со претставници од Европската Народна Партија. Остварена е соработка со Фондацијата Конрад Аденауер и нивно вклучување во обуката на млади политичари.
На 20 Ноември 2005 година се одржа Првиот Конгрес на ДРУМ во Скопје. Од поканети 300 делегати учество земаа 280 делегати од општинските одбори на ДРУМ.
На Конгресот беше презентиран едногодишниот извештај за работа од страна на г-ѓа Доста Димовска. Беа изменети и усвоени Статутот и Програмата на Партијата, како и следниве декларации
1. ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА Р. МАКЕДОНИЈА
2. ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА И РЕГИОНАЛНА ПОЛИТИКА НА Р.МАКЕДОНИЈА
3. ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЕВРО-АТЛАНТСКА МАКЕДОНИЈА
Беше избран нов Претседател на Партијата - Д-р Горан Рафајловски, со 278 гласа ЗА, од вкупно 280 делегати.
Од страна на Централниот Одбор беа избрани: г. Мирослав Ризински и г. Дарко Арсов за Потпретседатели и г. Никола Поп-Илиев за Секретар на Партијата.
По завршувањето на Парламентарните избори 2006, Претседателот на Партијата Горан Рафајловски, поднесе отставка на местото Претседател, заради лошите изборни резултати. Демократско-републиканската унија на Македонија од 07.11.2006 год. веќе не постои. Целото членство на ДРУМ, преминува во ВМРО-ДПМНЕ. И од двете партии велат дека овој потег претставува само продолжување на процесот на окрупнување на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на старите партиски кадри кои заминаа пред парламентарните избори. - Со враќањето на старо-новите членови ќе се зајакне и партијата и Владата. Тие, исто така, ќе дадат придонес во реализирањето на програмата "Преродба во сто чекори", изјави Илија Китановски од ВМРО-ДПМНЕ. Довчерашниот претседател на ДРУМ во оставка, Горан Рафајловски вели дека одлучиле да го следат трендот на окрупнување на политичките партии и дека соединувањето не е резултат на никакви пазарења. За него тоа претставува само одговор на гласот на граѓаните. - И претходно разговаравме околу преминувањето на ДРУМ во ВМРО-ДПМНЕ. Од субјективни причини тоа сепак не се случи пред изборите. Сакавме сами да си ги одмериме силите пред граѓаните. Откако видовме како размислува демократската јавност се решивме на ваков чекор. Не поставувавме никакви услови за добивање на одредени ресори, вели Рафајловски. И Рафајловски и Китановски демантираат дека доскорешниот неформален лидер на ДРУМ, Доста Димовска, е веќе советник за безбедност во Кабинетот на премиерот Груевски.