Депозитна банка
Од Википедија, слободна енциклопедија
Депозитна банка е финансиска институција со основна цел-собирање на депозити. Овој вид на банки во Eвропа се појавиле во XIX а некои дури и во XVIII век. Нивна основна функција беше да овозможат широк спектар на депозитни производи на сите слоеви на населението. Денес депозитните банки се фокусирани на мало банкарство: собирање депозити, плаќања, депозитни производи, кредити и осигурување на индивидуалци, мали и средни претпријатија. Од комерцијалните банки се разликуваат и по нивната широко децентрализирана дистрибутивна мрежа со што се достапни на регионално и на локално ниво.