Дервенџиство
Од Википедија, слободна енциклопедија
Вид на локална војска во Османската Империја, составена од локални вооружени селани ополномоштени со декрет (ферман) директно од Султанот, со цел да обезбедуваат значајни патишта (најчесто тешкопроодни клисури помеѓу два града) и да го штитат населението од насилствата на редовната турска војска. Дервенџиите имале право да го известат Султанот за секое насилство врз локалното население од страна на власта или вооружени странски разбојнички банди, кои во пограничните места често ја преминувале границата и навлегувале на територијата на Османлиската држава (Македонија). Во Македонија, освен Кркља, по дервенџиството е познато и селото Тресонче (Кичево-Дебар).