Димитар Аврамовски-Пандилов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Роден е во 1898 год. во село Тресонче. Загина во 1963 год. во земјотресот во Скопје. Завршил Академија во Софија , 1924 год. Бил во Франција (Монпелје и Париз) , каде што меѓу другото работел и на Academie de la Grande Chaumiere (1928 год.). Самостојно излагал (од 1926 год.) во Ќуприја,Скопје,Софија. Излагал на повеќе групни изложби во Софија и во Југославија ; меѓу другото на повеќе тематски и репрезентативни изложби на македонската уметност.