Долно Невољани
Од Википедија, слободна енциклопедија
Со наредбата од 19-07-1928 година во грчкиот владин весник бр.156 од 08-08-1928 селото Долно Неволјани е преименувано во Валтонера.
Селото се наоѓа западно од Сорович, во непосредна близина на некогашното Рудничко Блато (кое е исушено). Долно Неволјани лежи на 600 м.н.в. и има атар од 26км2.
Во постаро време Долно Неволјани било населено само со Македонци, кои делумно и постепено биле истиснати од муслиманско население. По сила на Лозанската Конференција, Турците се иселиле и на нивно место биле доселени семејства од Кавказ и Епир - Власи (просфиги).
Бројот на жители на селото во 1913 г. бил 204, во 1920 г. - 171, во 1924 г. - 219, во 1940 г. - 384, во 1951 г. - 353, во 1961 г. - 365, во 1971 г. - 319, во 1981 г. - 358 и во 1991 г. селото имало 357 жители.