Елизабет Жаквет де Ла Гвер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Елизабет Жаквет де Ла Гвер (Élisabeth Jacquet de La Guerre, родено име: Élisabeth Jacquet), 17 март 1665, Париз – 27 јуни 1729, Париз) била француски музичар, чембалист и композитор.
Содржина |
[уреди] Живот
Родена е во влијателно семејство на музичари и градители. Таа уште од раното детство била чудо, и свирела чембало за кралот Луј XIV како почеток на нејзината кариера како чембалист кога имала само пет години. На дворот таа била забележана од Мадам де Монтеспан, која ја земала во најзината придружба. Жаквет де Ла Гвер се омажила со органистот Марен де Ла Гвер во 1684 и го напуштила дворот. Од тогаш, па натаму таа била позната како Елизабет Жаквет де Ла Гвер. По венчавката таа станала учителка и правела концерти во Париз, кои ѝ донеле многу признанија.
[уреди] Дела
Елизабет Жаквет де Ла Гвер била една од ретките жени-композитори во своето време. Во последно време е оживеан интересот за неа и за нејзините дела, кои се снимени. Нејзиниот опус се состои од:
- Танцови свити за чембало (2 збирки: 1687 и 1707) ;
- Операта Цефала и Прокрис (Céphale et Procris) (1694) ;
- Трио сонати (1695) ;
- Сонати за виолина и чембало (1707) ;
- Кантати: религиозни (1708 и 1711), и профани (околу 1715).
Нејзината збирка на дела за чембало 1687 била една од ретките такви печатени дела во Франција во XVIII век.
[уреди] Видете исто така
- Француски барокни чембалисти
[уреди] Надворешни врски
- Биографија на Goldbergweb.com (англиски)
[уреди] Извори
- Статија за Елизабет Жаквет де Ла Гвер на франсуската Википедија (француски)
- 14 септември. "Elisabeth Jacquet de La Guerre", Grove Music Online, ed. L. Macy (пристапено на 2006, grovemusic.com (пристап со претплата).
[уреди] Библиографија
Élisabeth Jacquet de La Guerre Une femme compositeur sous le règne de Louis XIV by Catherine Cessac, Paris 1995 Ed. Actes Sud (француски)