Ентерофурил
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Ентерофурил:
Состав: Една капсула содржи 100 mg нифуроксазид (nifuroxazide). Во 5 ml перорална суспензија има 200 mg нифуроксазид. Помошни состојки: сахароза, пченкарен скроб, целулоза во прав, магнезиум стеарат.
Фармако-терапевтска група: Нифуроксазид е дериват на нитрофуран. Групата на нитрофуранот ги опфаќа цревните, уринарните и локалните антисептици. Со оглед на многу слабата растворливост во вода, нифуроксазидот по перорална администрација практично воопшто не се ресорбира од лигавицата на ГИТ. Во луменот на цревата делува бактериостатски и/или бактерицидно на ентеропатогените бактерии - Salmonella, Shigella, Campilobacter jejuni, Streprococcus, Staphylococcus, во повисоки концентрации на Escherichia и на некои соеви од Proteus и протозои, поради што се користи како цревен антисептик во лекување на диареи предизвикани од чувствителни предизвикувачи.
Терапевтски индикации:
- акутни диареи предизвикани со алиментарни инфекции и интоксикации кај возрасни и деца;
- хронични диареи при колити и пореметувања на интестиналната ферментација;
- акутни и хронични диареи со неспецифична етиологија како и проливи по употреба на антибиотици;
- симптоматска диареа при тумори на колон;
- профилакса на т.н. „патничка“ диареа.
Контраиндикации: Препаратот е контраиндициран при постоење на пречувствителност кон нитрофурански соединенија. Во тек на терапијата со препаратот не смее да се употребува алкохол. Препаратот не се дава кај предвремено родени бебиња и доенчиња помали од 1 месец.
Мерки на претпазливост: Бременост и доење
Нема контраиндикации за примена на препаратот при бременост и во тек на доењето. Во тек на терапијата со нифуроксазид, потребно е истовремено спроведување на рехидрација на пациентот (перорална или парентерална).
Интеракции: За време на терапија со нифуроксазид можна е појава на интеракција со алкохол поради што истиот треба да се избегнува.
Несакани дејства: Нифуроксазидот е лек кој многу добро се поднесува. Со оглед на слабата ресорпција системските несакани дејства се ретки. Можни се реакции на преосетливост кога е потребно прекинување на терапијата.
Дозирање и начин на употреба: Капсули: при акутна диареа кај деца и возрасни 4 пати по 2, кај доенчиња 4 пати по 1 капсула од 100 mg на ден (препаратот не се раствора, не треба да се става во шише се млеко, туку да се помеша со храната која се дава со лажица); кај хронични колопатии 6 капсули на ден, во тек на 10 дена. Перорална суспензија: кај доенчиња од 1 до 6 месеци 2 мали лажици, над 6 месеци 3 мали лажици на ден (дозите може да се поделат зависно од зачестеноста на проливот.
Начин на чување: Капсули: лекот се чува на температура до 30°C. Перорална суспензија: лекот се чува на температура од 15°C до 30°C. Лекот се чува на места недостапни за деца!
Рок на траење: Лекот е употреблив до датумот кој е наведен на пакувањето. Лекот не смее да се употребува после истекот на рокот на траење.
Начин на издавање: Лекот се издава на лекарски рецепт.