Златен Делишес
Од Википедија, слободна енциклопедија
Златен Делишес е сорта на јаболко со жолта боја. Овој вид не е сроден на јаболкото „Црвен Делишес“.
[уреди] Изглед и вкус
Златниот Делишес е големо, жолто јаболко со изразена лупка и многу слатко по вкус. Подложно е на модрици и набирање, и затоа бара внимателно ракување и складирање. Овој вид е е посладок од зеленото јаболко и затоа се користи и за готвење.
[уреди] Историја
Оваа популарна сорта првобитно била наречена „Mullin's Yellow Seedling“ („Мулиновиот жолт расад“) при нејзиното прво лансирање на пазарот во 1914 во Грофовијата Клеј, Западна Вирџинија.
[уреди] Сезона
Се бере од есен до зима.