Златна државна кочија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Златната државна кочија (англиски: Gold State Coach) била изработена во 1762 и служи при крунисување на британскиот монарх од Џорџ IV па сѐ до денес. Кочијата тежи 4 тона, долга е 8 м, а висока е 4 м. Се одликува со позлата и има панели насликани од Џовани Кипријани, како и богати позлатени скуптури, меѓу кои на три херувини на покривот и четири тритони, по еден на секој агол. Каросеријата на кочијата е прицврстена со ремени прекриени со мароканска кожа и украсени со позлатени токи. Златната државна кочија ја влечат 8 коња со црвени марокански запреги. Првобитно колијата била возена од кочијаш, но денес коњите ги водат јавачи, одејќи крај нив.
[уреди] Видете исто така
- Ирска државна кочија
- Шкотска државна кочија
- Кралски коњушарници (Британија)
[уреди] Надворешни врски
- Опис на Златната државна кочија на CNN (англиски)