Зоран Коњановски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Зоран Коњановски , во моментов министер за локална самоуправа, е роден на 3 март 1967 година во Битола. Активист на ВМРО-ДПМНЕ е од 1993 година. Извршувал повеќе функции во битолскиот општинскиот комитет на партијата, а од 2005 е и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Дипломирал на Машинскиот факултет при Универзитет Св.Климент Охридски-Битола во 1992 година. Од јуни 1999 година вработен во ЈП Стрежево - Битола како одговорен инженер за одржување на хидромеханичка опрема. Коњановски е претседател на Советот на општина Битола е избран во 2005 година.