Зурла
Од Википедија, слободна енциклопедија
„Моме стое“ на зурла во изведба на мајстор Махмут Музафер
Зурлата е македонски народен дувачки инструмент направен од оревово или сливово дрво. Се состои од два дела: конусна цевка и славец кој се вметнува во горниот крај.
Зурлата има седум дупки и една палчена дупка од задната страна, како и издувни дупки при долниот дел, и трска со диск на горниот.
При свирење, сурлата се држи со двете раце под агол од ~45° во однос на видното поле. Прстите од левата рака работат со долните шетири дупки, додека прстите од десната работат со горните дупки и палчената дупка. Сплесканата трска се става цела во устата, а усните се допираат со металниот диск (медник) кој им помага на образните мускули. За свирење на овој инструмент потребна е техника на кружно дишење.
Зурлата свири две октави од (отприлика) природната скала. Хроматичните тонови (D#, F#, A# и B#) исто така може да се свират со промена на притисокот и комбинација од покривање на дупките за тонови.
Овој инструмент има карактеристичен, многу гласен и продорен звук и речиси секогаш е придружувана од тапани. Стандардна комбинација се две зурли и два тапана.
Се смета дека зурлата е донесена во Македонија од блискиот исток, од ромите или турците.
Репертоарот на зурлата се состои од ора, кои се изведуваат на свадби, празници или испраќања.