Исаија Мажовски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Малку познат македонски револуционер од западниот дел на Македонија. Се истакнал со воспоставувањето на перманентни врски меѓу револуционерите од Западна Македонија со албанските револуционери од Албанија. Негова идеја била едновремено избувнување на ослободителни востанија во Македонија и Албанија, како едниствен начин за ослободување од Отоманската власт и без учество на бугарска помош. Неколку пати патува илегално за Москва, за лично од рускиот Цар Александар да измоли материјална помош за купување на оружје. Има одржано говор пред Царот, во кој нагласува дека Македонскиот народ е посебен народ на Балканот, различен од Бугарскиот. Ја застапувал тезата дека Античките Македонци биле Словени кои први ги населиле балканските области.