Калцитонин
Од Википедија, слободна енциклопедија
Калцитонин (или тирокалцитонин) е хормон кој се синтетизира од тироидната жлезда, поточно од посебни клетки, наречени парафоликуларни клетки. Тој учествува во регулацијата на метаболизмот на калциум и фосфор. Калцитонинот стимулира вградување на калциум во коските и зголемување на концентрацијата на фосфор во крвта. Овој хормон има важна улога и во процесот на окоскувањето.