Константин Миладинов
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Константин Миладинов (Струга 1830 – Цариград 1862) е роден во Струга, во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова е првиот македонски лирски поет. (видете Браќа Миладиновци).
Основно училиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина, Грција.
Со диплома на учители браќата се вратиле во родниот крај каде учителствувале во повеќе места. Константин се дипломирал во 1852 година на Филозофскиот факултет во Атина, отсек грчка филологија.
Константин заминал во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва. Во време на неговиот престој во Русија го обзема длабока осаменост и жал по родниот крај.
Имајќи го собраниот материјал од народни умотворби, Константин целосно се ангажирал во реализирање на идејата за нивно печатење. Работејќи на редактирање на песните и другите народни умотворби и нивно подготвување за Зборникот, Константин и самиот почнал да пишува поезија. Поетското творештво на Константин Миладинов, иако скромно, само петнаесет песни, го става на пиедесталот на македонската нова литература како основоположник на македонската уметничка поезија. Со песната "Т'га за југ" 1, која има 70 препеви на 42 јазици, секоја година се отвораат Струшките вечери на поезијата.
Суровата руска зима и бедниот живот штетно се одразиле врз здравјето на Константин, па во 1859 година тој заболел од туберкулоза. Покрај подмолната и тешка болест, Константин го разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати Зборникот од народни умотворби. Основната причина за непечатењето на Зборникот во Москва е судирот на Миладиновци со Цариградската патријаршија во екот на преродбенската борба.
Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил Москва. На пат за дома, во Виена, се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмаер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот.
На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - "Бугарски народни песни, собрани од браќа Миладиновци", дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Д. Чолаков).
Константин, пресреќен што животната цел, негова и на неговиот брат, е исполнета, зел неколку примероци од Зборникот и во средината на јули 1861 година го напуштил Загреб, тргнувајќи за родниот крај. Патем се задржал во Белград каде дознал дека неговиот брат Димитар веќе половина година чемрее во турските затвори. Така место за Струга, тргнал директно за Цариград и никогаш повеќе не го видел родниот крај. Набрзо по пристигнувањето во Цариград и Константин бил фатен и фрлен во цариградските зандани.
На враќање од Москва, Константин слушнал дека отоманската полиција го уапсила неговиот брат Димитар Миладинов па, надевајќи се дека ќе успее да го ослободи својот брат, се упатил накај Цариград. Но отоманската полиција го уапсила и Константин, и двајцата браќа починале еден по друг во затворот во Цариград во 1862 година.
Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува судски процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори, во 1862 година, под засега неразјаснети околности.
[уреди] Генеалогија
.Ристе Миладинов --- Султана Миладинова | _______________________|___________________ | | | .Димитар Миладинов | Наум Миладинов | Константин Миладинов
[уреди] Надворешни врски
- Т'га за југ (македонски)
- Константин Миладинов - поезија (бугарски)
- Царевна Миладинова за татко си Димитрија Миладинов и стрико си Константин Миладинов (бугарски)
- Константин Миладинов:Полиглота (е-книга)