Крива Река
Од Википедија, слободна енциклопедија
Крива Река е лева протока на Пчиња, која пак, се влива во реката Вардар. Крива Река извира на височина од околу 2200 метри, во подножјето на Руен и до своето влевање во Пчиња, поминува низ Крива Паланка и Славишко Поле, во вкупна должина од околу 75 километри.