Круг
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во Евклидската геометрија, кружница е множество од сите точки во рамнината кои се наоѓаат на еднакво растојание, наречено радиус, од дадена точка, наречена центар. Кружницата е проста затворен крива, која ја дели рамнината на внатрешен и надворешен дел. Внатрешноста заедно со самата кружница се нарекува круг.
Во x-y координатен систем, кружница со центар во (a, b) и радиус r е множеството од сите точки (x, y) такви што
- .
Ако кружницата има центар во координатниот почеток (0, 0), тогаш оваа формула добива упростен облик
- x2 + y2 = r2.
Кружницата со центар во координатниот почеток и со радиус 1 се нарекува единична кружница.